Home Вести Германската индустрија очекува загуби до една милијарда евра поради штрајкот на машиновозачите

Германската индустрија очекува загуби до една милијарда евра поради штрајкот на машиновозачите

Германската индустрија очекува штрајкот на машиновозачите да предизвика големи проблеми за компаниите, вклучувајќи го и товарниот сообраќај.
Шестдневниот прекин на работата се заканува со сериозни ограничувања, дури и со прекин на производството во одредени сектори, изјави за ДПА Тања Генер (Гонер), генерален директор на Сојузната асоцијација на германската индустрија (БДИ).

„Не е нереално да се очекуваат загуби до една милијарда евра“, додаде таа.

Покрај оперативните и економските, големи се штети и на имиџот на железницата како вид на транспорт, рече Генерова.

„Сомнежите за доверливоста на железничката инфраструктура продолжуваат да растат“, дури и во логистичкиот сектор.

Синдикатот на германските машиновозачи (GDL) повика на штрајк до понеделник поради спорот со германските железници Дојче Бан..

Железничкиот товарен транспорт е „рбетот“, рече Генерова, на голем број клучни индустрии како што се хемиската, челичната, автомобилската, индустријата за хартија и дрвната индустрија.

Според неа, штрајкот значително ќе влијае на поврзувањето и снабдувањето на производствените капацитети, како и на логистиката што се потпира на железницата, на пример транспортот на опасни материи.

Спорот меѓу синдикатот и Германските железници мора брзо да се реши, рече таа.

error: Content is protected !!
Exit mobile version