Home Вести Државата најавува итна распределба на државно земјоделско земјиште за производство на житни...

Државата најавува итна распределба на државно земјоделско земјиште за производство на житни култури

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на РСМ најави дека околу 12.000 хектари државно земјоделско земјиште наскоро ќе биде објавено на јавен оглас.
Земјоделците ќе може да аплицираат со назнака дека земјиштето треба да е наменето за производство на пченица и јачмен, односно за поледелски култури. До министерството за финансии е доставен план што е тоа што треба да се направи на среден и на долг рок. Со планот се предвидени мерки кои ќе придонесат за зголемени приноси од 30.000 тони пченица на среден рок и државата да не е повеќе увозно зависна од пченица.

Уште едне проблем за земјоделците е и набавката на вештачко ѓубриво, до кое се потешко доаѓаат, особено откако Русија го сопре извозот. Со разгорувањето на руско – украинската криза извозот на жито и вештачко ѓубриво значително опадна. Со цел да се заштити домашнит пазар, државата донесе мерки со кои го запре пласманот на масло и жито до средината на идниот месец. А за комплетно да се задоволат потребите од жито, следната недела се очекува Србија да ги испорача договорените количини на пченка и пченица.

Согласно статистиката, државата последниве години континуирано бележи пад во производство на житни култури. Некогаш Пелагонија покриваше 60 проценти од потребите на жито, денеска овој процент е преполовен.

Извор:Стопанска комора на Македонија

error: Content is protected !!
Exit mobile version