Home Вести Само 440 тони стоки превезени преку железница, над 14 илјади тони преку...

Само 440 тони стоки превезени преку железница, над 14 илјади тони преку патниот превоз во првите три месеци годинава

Во првите три месеци годинава преку товарниот патен превоз биле превезени 14.709 тони, што е намалување за 7,6% во споредба со истиот период лани.
Најголем дел или околу 82% од превезените стоки се за сопствени потреби, кои бележат намалување за 6,4%.
Поголемо намалување има кај превозот на стока за трети лица, каде намалувањето е 12,5% во споредба со истиот перио лани.

Намалување од 6,4% има и кај воздухопловниот превоз на стоки. Во првите три месеци годинава преку воздухопловниот превоз биле испратени 179 тони стоки, а во земјава пристигнале 375 тони стока.

Преку железничкиот сообраќај, во првите три месеци биле превезени 441 тон стоки, што е пораст од 0,7%, што во најголем де се должи на меѓународниот превозот. Преку националниот железнички систем биле превезени само 1 тон стоки.

error: Content is protected !!
Exit mobile version