Home Вести Развојната банка стартува со царинските гаранции, нов производ кој ќе им биде...

Развојната банка стартува со царинските гаранции, нов производ кој ќе им биде од корист на извозниците

Во насока на олеснување и подобрување на условите за работа, посебно во време на пандемија, Развојната банка на Република Северна Македонија разви нов производ  – Царински гаранции за увоз за облагородување.
Овие гаранции, пред се, се наменети за малите и средните претпријатија, особено компаниите од преработувачката индустрија кои вршат увоз на материјали заради облагородување и реализираат извоз во форма на производи и услуги.

Максималниот износ на царинската декларација ќе изнесува од 250 илјади евра до 390 илјади со рок на важност до 12 месеци и со неа ќе се гарантира 100% од износот на царинскиот долг по основа на увоз на материјали за облагородување.

Повеќе информации се достапни на следниов линк  https://mbdp.com.mk/mk/garancii/carinski-garancii

error: Content is protected !!
Exit mobile version