Home Вести Српската млекара Шабац ќе гради фабрика во Русија

Српската млекара Шабац ќе гради фабрика во Русија

Српската млекара Шабац ќе гради фабрика во Русија за што ќе има поддршка од Трговско-индустриската комора на Руската Федерација (ТИК РФ). Ова било договорено вчера во Санкт Петербург на состанокот меѓу Марко Чадеж, претседателот на Српската стопанска комора (ПКС) и Сергеј Катирин, претседател на ТИК РФ.
„ТИК РФ ќе ја поддржи изградбата на фабриката Млекара Шабац и проектите на другите српски компании кои сакаат да го прошират својот бизнис и да се позиционираат подобро на рускиот пазар“, рече Катирин.

Млекара Шабац ќе започне со изградба на фабриката во Московската област следната година и ќе произведува меко сирење и јогурти од најквалитетно руско млеко според стандардот IFS за рускиот и странските пазари.

Чадеж во Санкт Петерсбург учествува на 24-от Меѓународен економски форум, кој трае до 5 јуни, на кој има илјадници учесници од светот на бизнисот и политиката.

Извор: Стопанска Комора на Србија

error: Content is protected !!
Exit mobile version