Home Вести Регион Хрватска уште повеќе го олеснува вработувањето на странци

Хрватска уште повеќе го олеснува вработувањето на странци

Хрватската влада веќе нема да ја утврдува годишната квота на дозволите за вработување на странци, туку работодавците ќе контактираат сами со Хрватскиот Завод за вработување (HZZ).

Ова е суштината на новиот Закон за странци што хрватската влад го испрати до хрватскиот парламент, пишува Novac.hr.

“Доколку се утврди дека во Хрватска нема невработени лица кои ги исполнуваат барањата на работодавците, Хрватскиот завод за вработување ќе издаде позитивно мислење за вработување на странци. Само тогаш работодавците можат да аплицираат за дозволи за престој и работа во полициски оддели или станици”, објаснува министерот за внатрешни работи Давор Божиновиќ.

Законот предвидува и дека оваа постапка пред надлежните органи може да трае до 45 дена пред издавањето на дозвола за престој и работа, а исто така предвидува исклучоци во однос на дефицитарните кадри кога тој рок е 15 дена, а во случај на сезонска работа во рок од 90 дена, рокот е  10 дена.

Со законот се воведува и институцијата долготрајна виза, во случај кога на државјанин на трета земја му е одобрен привремен престој за една од целите пропишани со законот (работа, обединување на семејството, студирање, истражување, средно образование), или ако му е издадена дозвола за престој и работа, а за влез во Хрватска му треба виза.

И македонската бизнис заедница веќе подолго време се соочува со недостаток на работници и апелира да се либерализира пазарот на работна сила, но во пракса постапката за вработувањето на странци е многу комплексна и долга.

error: Content is protected !!
Exit mobile version