Home Вести ЦЕФТА започна со примена на преодните правила за потекло на стоките

ЦЕФТА започна со примена на преодните правила за потекло на стоките

Членките на Централноевропскиот договор за слободна трговија (ЦЕФТА) од 1 февруари почнуваат да ги спроведуваат преодните правила за преференцијалното потекло на стоките, заедно со правилата на Пан-евро-медитеранската (ПЕМ) конвенција.

Со примена на ревидираните, пофлексибилни и модерни правила, комапниите ќе можат да ја зголемат својата извозна конкурентност. Преодните правила за потеклото на стоките го поедноставуваат системот, го поедноставуваат одредувањето на потеклото на стоките и дополнително ја олеснуваат трговијата во ЦЕФТА и со ЕУ“, објасни директорот на Секретаријатот на ЦЕФТА, Емир Џикиќ.

Кои се придобивките?

Овој нов чекор што ЦЕФТА го презема кон олеснување на трговијата се фокусира на намалување на административната бирократија и зголемување на обемот на трговијата.

Новите правила предвидуваат неколку поедноставувања, вклучувајќи:

Пофлексибилни и поедноставни правила на производот

Пофлексибилни правила за толеранција: Зголемување на учеството на непреференцијалните материјали во готовите производи од 10% на 15% по нето маса за земјоделски производи, додека за индустриските производи (освен текстил) толеранцијата е поставена на 15% на материјали без потекло врз основа на цената франко фабрика готов производ.

EUR.1 или декларација за потекло ќе биде единствен тип на доказ за потекло и ќе важин за период од 10 месеци наместо за 4 месеци.
Предвидени се и опциите за договор за примена на систем на регистрирани извозници и за договор за користење на доказ за потекло кој се издава и/или се доставува по електронски пат.
Можностите за повлекување на давачките и целосна кумулација како придобивки од преодните правила се имплементирани во ЦЕФТА од 2019 година.

За повеќе информации продолжете на следниот линк.

Извор: CEFTA

error: Content is protected !!
Exit mobile version