Home Вести Mercedes инвестира 100 милиони евра во производство на електрични автомобили во Унгарија,...

Mercedes инвестира 100 милиони евра во производство на електрични автомобили во Унгарија, од нив 42 милиони евра се поддршка од државата

Германскиот производител на автомобили Daimler следната година ќе започне со сериско производство на електричниот автомобил EQB во фабриката во Унгарија со инвестиција од 100 милиони евра, пренесува Ројтерс.

Компактниот SUV EQB ќе биде првиот целосно електричен автомобил што ќе се произведува во Унгарија.

Министерот за надворешни работи Питер Сијарто објави на Фејсбук дека унгарската влада ќе придонесе со 15 милијарди HUF (42 милиони евра) во инвестицијата, што ќе обезбеди одржување на 4,4 илјади работни места во фабриката на Daimler во Кецкемет.

Унгарската економија, чиј важен дел е автомобилската индустрија, падна за 13,6%. во вториот квартал.
Владата предвидува дека БДП ќе биде за 5% до 6% понизок во 2020 година во споредба со претходната година.

error: Content is protected !!
Exit mobile version