Home Вести Десет македонски компании на престижниот меѓународен саем Fruit Attraction 2025 во Мадрид

Десет македонски компании на престижниот меѓународен саем Fruit Attraction 2025 во Мадрид

Македонските компании Витториа Фруит, Хортена, Туран, Баџо, Фреш Лајн, Ксенос, Атон Фруитс, Агро Гурмеш, Агро Кав-Комерц и Стенлеј, преставени од македонското здружение за свежо овошје и зеленчук – МАКФРЕШ од 30 септември до 2 октомври,  по втор пат ќе учествуваат на меѓународниот саем Fruit Attraction 2025 во Мадрид, Шпанија.

Овој водечки глобален настан за агро-прехранбениот сектор се одвива под слоганот „Откријте ја суштината на секторот“ и претставува клучна платформа за комерцијална соработка, иновации и глобално позиционирање.
Компаниите ќе ги изложат своите најквалитетни производи, со цел да го промовираат македонското овошје и зеленчук пред глобалната публика и да воспостават нови деловни партнерства.
Основано во 2023 година, МАКФРЕШ ги обединува производителите и извозниците на свежо овошје и зеленчук, со мисија да го унапреди нивниот квалитет, одржливост и конкурентност.

Оваа година, Fruit Attraction се проширува со нови изложбени хали (12 и 14) во IFEMA MADRID, овозможувајќи подобра организација и географска застапеност. Посетителите ќе имаат полесен пристап до производители од различни земји, а изложувачите ќе добијат поголема видливост и можности за вмрежување со компании од целиот свет.

Саемот ќе биде поделен во четири тематски области: Свежо овошје и зеленчук, Помошна индустрија, Логистика на свежа храна, Иновации и технологија.

Како социо-економски партнер, учеството на МАКФРЕШ е овозможено со поддршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку Програмата за рурален развој за 2025.

Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ преку ангажирање на меѓународен консултант ќе ги поддржи компаниите во промоција, пристап до нови клиенти и атрактивни пазари, како и во организирање на B2B средби со потенцијални купувачи.

https://izvoz.mk/%d0%b8%d0%b7%d0%b2%d0%be%d0%b7-%d0%bd%d0%b0-%d0%b7%d0%b5%d0%bb%d0%b5%d0%bd%d1%87%d1%83%d0%ba-%d0%be%d0%b4-62-%d0%bc%d0%b8%d0%bb%d0%b8%d0%be%d0%bd%d0%b8-%d0%b5%d0%b2%d1%80%d0%b0-%d0%b2%d0%be-%d0%bf/

error: Content is protected !!
Exit mobile version