Home Вести Oд 21 мај директен лет од Скопје за Москва

Oд 21 мај директен лет од Скопје за Москва

Авиокомпанијата „Нордвинд ерлајнс“ од 21 мај ќе почне со директни летови на новата меѓународна релација Москва – Скопје. Летовите ќе се вршат неделно, во петок, а времето на патување ќе биде 3 часа 25 минути, соопшти денеска Амбасадата на Русија во Македонија.

Цената на авионската карта од Москва до Скопје е 106 евра, a обратно од Скопје до главниот град на Русија е 125 евра. Летовите од Москва ќе бидат во петок во 14,45 часот, а пристигнување во Скопје во 17,10 часот. Полетувањето од Скопје ќе биде секој петок од 18,10 часот, а пристигнувањето во 22,35.

Оваа руската авиокомпанија во регионот веќе лета и до Белград, Загреб и Дубровник.

error: Content is protected !!
Exit mobile version