Автомобилската индустрија во Бугарија годишно прави обрт од 5 милијарди евра

Според податоците на Автомобилскиот кластер на Бугарија изминатата 2019 година е исклучително успешна година за автомобилската индустрија во Бугарија.

По силниот влез на инвеститори во 2018 и 2019 година, во автомобилската индустрија во Бугарија работат над 250 компании со над 65 илјади вработени.

Само во 2019 година автомобилската индустрија во Бугарија направила обрт од 10 милијарди лева или околу 5 милијарди евра.

Бугарија е атрактивна за странските автомобилски компании заради стратешката позиција, членството во ЕУ, хармонизираното законодавство, стабилната валута врзана за еврото, ниските даноци, но и евтината работна рака, што ја прави добар избор за вложување на светските автомобилски компании, кои со преместувањето на дел од производните капацитети во земјата успеваат да ги компензираат и премостат негативните циклуси во нивниот развој.

Но, како и во целиот регион најголем предизвик на оваа индустрија е наоѓање и задржување на квалификувана работна сила.