Агенцијата за промоција на извозот објави оглас за учество на македонски фирми на саемот Hannover Messe

Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Северна Македонија, соопшти дека согласно Планот за активности за 2020 година во делот на промоција на извоз, а на предлог на бизнис заедницата, оваа година во периодот од 20-24 април ќе биде организатор во учеството со закуп на национален штанд на саемот HANNOVER MESSE во Хановер, Германија на кој ќе се претстават одреден број македонски компании.

Како што информираат од Агенцијата за странски иновации и промоција на извозот, саемската манифестација е организиран како целина од шест саеми на една платформа. На најголемиот индустриски саем во светот, компаните ќе имаат можност да најдат целосен опсег на технички иновации низ целиот синџир на вредности – од автоматизација до решенија за добавувачи, на кој учество земаат голем број од клучните носители на одлуки.

HANNOVER MESSE е идеално место за вмрежување и нов бизнис. Компаниите кои ќе се пријават ќе имаат можност да се запознаат со важни технологии, да стекнат бенефит од вредни синергии и да започнат нови проекти – се на едно место.

Дополнителни информации околу начинот на пријавувањето за саемот на адресата: export@investnorthmacedonia.gov.mk.