Како што се пролонгира и пшроѓширува епидемијата со коронавирусот, економското влијание почнуваат да се чувствуваат низ целиот свет. Поради улогата на Кина во глобалната економија, продолженото неработење на фабриките има потенцијал да ги наруши ланците на снабдување за неколку клучни индустрии, вклучувајќи ги производството на електроника, хемикалии и автомобили.
Со оглед дека Вухан, епицентарот на епидемијата, е центар на автомобилската индустрија, токму автомобилскиот сектор е меѓу индустриите кои се најизложени на негативното влијание на вирусот.
Не само што кинеското производство ќе претрпи значителен пад заради продолженото неработење на фабриките, туку и многу производители ширум светот кои се потпираат на кинеските делови се соочуваат со прекини на производство.
Минатата недела „Фиат Крајслер Автомобили“ (ФЦА) соопшти дека привремено ќе го запре производството во фабриката во Крагуевац, Србија, поради недостаток на делови од Кина, додека Хјундаи и Рено ги стопираа производните погони во Јужна Кореја.
Кина е меѓу најголемите светски добавувачи на делови за автомобили. Само во 2018 година извезла делови и додатоци за моторни возила во вредност од 34,8 милијарди долари.
Американската автомобилска индустрија е теоретски со најголем ризик од прекини во производството бидејќи во голема мерка се потпира на делови добиени од Кина.
Останува да се види колку е значајно влијанието на епидемијата врз глобалната автомобилска индустрија, што ќе зависи од тоа колку брзо протокот на компоненти од кинеските добавувачи може да се врати на потребното ниво.