Влегувањето во рецесија на Германија, најголемиот надворешно-трговски партнер и петти по големина инвеститор во македонската земја нема многу силно да се одрази сега, но негативните ефекти би можеле да се почуствуваат со задоцнување од шест месеци.

Статистичките податоци покажаа дека Германија последните два квартала има пад на економијата од 0,5% и 0,3%, со што технички е во рецесија. Тоа е лоша вест како за македонската економија која 47% од вкупниот извоз е насочен кон Германија, така и за сите економии во регионот кои зависат од германската индустрија.

Она што ги загрижува економистите е падот на потрошувачката на домаќинствата под силен притисок на високата инфлацијата и големиот раст на цените на енергенсите и храната. Последните податоци покaжуваат дека инфлацијата во Германија во мај падна значително на 6,1%, најниско ниво за период над една година, олеснувајќи ги притисоците врз потрошувачите.
Но, она што е можеби позагрижувачко е што германската индустрија се соочува со силни структурни проблеми и почнува да ја губи конкурентноста во однос на остатокот на развиенот свет.

Рецесијата во Германската економија, која е констатирана по ревизијата на бројките за првиот квартал 2023 се чини дека не беше во целост очекувана, односно проекциите се движеа околу стагнација, но не и рецесија. Сепак, со негативните ефекти од Руско-Украинскиот конфликт врз цените и врз трговијата помеѓу Германија и Русија, вакво сценарио беше едно од можните. Рецесијата е главно резултат на пад на потрошувачката, како последица на високите цени и затегнувањето на кредитните услови, што значи дека економската динамика се движи од ограничувања на страната на понудата кон ограничувања на страната на побарувачката”, вели Марјан Петрески, универзитетски професор и аналитичар.

Со децении наназад Германија беше економскиот мотор на Европа, која со својата отпорност го влечеше целиот регион од многу кризи. Но, се чини таа отпорност почнуа да слабее и сега расте опасноста Германија да влијае на забавување на целиот регион.

Пандемијата, како и енергетската криза предизвикана од војната во Украина,  предизвикаа огромни проблеми за конкуретноста на германската економија.

Сентиментот на германскиот бизнис е неповолен и за следните квартали, така што сега е важно да видиме какви реакции на овие бројки ќе дојдат од страна на германската влада, но и од ЕЦБ, бидејќи Германија е сепак најголемата економија во Еврозоната”, вели Петрески.

Кои се ефектите од германската рецесија за македонската економија?

Ефектите од слабеењето на германската економија би можеле да се пренесат преку два канала врз македонската економија. Првиот канал е преку надворешно-трговската размена, со оглед дека дури 47% од вкупниот извоз во 2022 година е насочен кон Германија и речиси целосно зависен од автомобилската индустрија.

Вториот канал е преку инвестициите. Германија е петти најголем инвеститор во Македонија со инвестирани 470 милиони евра заклучно со 2021 година.

Новата директорка на Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија, Антје Ванделт вели дека зимскиот пад на економската активност во Германија се должи на падот приватната потрошувачка.

Податоците покажуваат дека има пад на приватната потрошувачка, а причина за тоа е инфлацијата. Станува збор за глобална економска криза, а падот на потрошувачката се должи и на високите цени за греење и за енергија во текот на зимата и од тие причини луѓето штедат и трошат помалку“, рече Ванделт.

Таа додаде дека со доаѓање на летото, граѓаните нема да имаат толку високи сметки за потрошувачка на струја, гас и за греење, па се очекува потрошувачката да се зголеми.

Во однос на трговската размена меѓу Македонија и Германија можам да кажам дека до нашата канцеларија пристигнуваат нонстоп барања од германски компании, инвеститори кои што се интересираат за овој пазар. Само овие две недели колку што сум тука веќе имаме добиено неколку барања од компании кои што се заинтересирани да инвестираат тука и да тргуваат со земјава“, рече таа.

Во однос на инвестициите, Ванделт вели дека интересот е се уште голем и дека ќе се фокусира во рамки на нејзиниот мандат да се искористи потенцијалот кој го има земјава, особено во контекст на тековното преструктуирање на синџирите на добавувачи кај германските компании купувачи и трендот кон се поголемо доближување на компаниите добавувачи до Германија.

Според Петрески, секако дека економските движења во Германија имаат директна импликација за нашата економија. Македонија има голема и значајна изложеност кон Германија, како трговска, така финансиска, во поглед на фабриките кои работат во нашите слободни зони итн.

Во моментов нема простор за голема загриженост, од неколку причини. Прво, рецесијата во Германија засега е блага, треба да го следиме нејзиниот развој и евентуално рецесија во други европски економии. Второ, бројките за нашата трговска размена веќе во четвртиот квартал од 2022 покажаа знаци на забавување, значи забавувањето на европските економии започнало да се пресликува и во нашите бројки. Трето, во таа смисла, прогнозите за нашиот раст, кои моментално се околу 2% за годинава, веќе во голема мера ги рефлектираат очекувањата за стагнирачка економска динамика во Европа. Ако економските услови беа нормални, тогаш нашата економија ќе гравитираше барем околу потенцијалот од 4%, а не половина од тоа. Секако, останува за кратко да ги сочекаме бројките за првиот квартал за Македонија, па ќе може да дадеме попрецизни коментари”, вели Петрески.

Податоците, пак, покажуваат дека извозот во Германија во првиот квартал изнесувал 973 милиони евра и е поголем за 13,1% во споредба со истиот период лани. Количински извозот во Германија, пак, во првите три месеци годинава е помал за 14% во споредба со извозот остварен во првиот квартал од 2022 година. Тоа значи дека поголемиот дел од вредносниот раст на извозот се долѓи на инфлацијата и повисоките цени.

Не е на повидок брзо закрепнување на германската економија

Економистите оценуваат дека германскиот раст ќе заостанува зад остатокот од регионот во годините што доаѓаат, а Меѓународниот монетарен фонд проценува дека Германија ќе биде најлошата економија на Г-7 оваа година.
Проценките се дека Германија ќе се врати кон економски раст во вториот квартал годинава, но влијанието на повисоките трошоци за задолжување и сла

Повисоките каматни стапки ќе продолжат да влијаат и на потрошувачката и на инвестициите, а извозот, исто така, може да страда во услови на економска слабост на другите развиени пазари“, вели во изјава за WSJ Франциска Палмас, економист во Капитал Економикс, која очекува пад на БДП и во третиот и четвртиот квартал.бата експанзија на многу од нејзините главни извозни пазари укажуваат на можноста за забавување на економијата.

Нема брзо закрепнување на германската економија погодена од инфлацијата по зимската рецесија, објави и Институтот за економски истражувања DIW, откако неговиот месечен показател нагло се намали во мај.

Бројката за овој месец падна на 91 поен од 101,5 во април, паѓајќи под 100, читање што сигнализира неутрално основно ниво на економска активност.

Падот на економското производство во зимата беше поголем од очекуваното, а закрепнувањето, исто така, веројатно ќе биде послабо  отколку што се претпоставуваше“, вели Тим Боенке, ко-шеф на економскиот тим во DIW Берлин.

Упорно високата инфлација и зголемувањето на каматните стапки од страна на Европската централна банка ја намалуваат куповната моќ и кредитирањето, рече Џералдин Дани-Кнедлик, ко-шеф на економскиот тим на DIW.

Додека економијата ја преброди кризата со цените на енергијата „изненадувачки добро досега“, силно закрепнување не е на повидок, додаде друг економски експерт на DIW, Гвидо Балди.