Антје Ванделт го презема раководството на АХК Северна Македонија, која е дел од мрежата на германските стопански комори во странство, а која преку канцеларијата во Скопје е надлежна и за Косово и Албанија.

Ванделт на оваа работна позиција доаѓа по дваесет годишно искуство во германските стопански комори во Латинска Америка, Чиле и Перу, и како што вели, со посебна возбуда пристапува кон можноста да работи на европскиот пазар.

Светската економија моментално минува низ турбулентен период и затоа е важно проширување на меѓународните синџири на снабдување, унапредување и трансформација на снабдувањето со енергија, но подеднакво е важна и борбата со климатските промени. Сите овие промени нудат и нови можности за понатамошен развој на економската соработка меѓу Германија и Северна Македонија, Косово и Албанија”, вели Ванделт.

АХК Северна Македонија е дел од мрежата на германските стопански комори во странство, чија основна задача е да ги поддржи компаниите во Северна Македонија и Германија, вкрстувајќи ги најсилните страни на двете земји со цел да се обезбеди одржлив раст и зацврстување на економските односи.