Германскиот премиум производител на автомобили Audi AG денеска соопшти дека потпишал меморандум за разбирање со кинеската државна групација FAW за започнување заеднички проект за производство на врвни електрични возила.
Audi има долгогодишно партнерство со FAW, која е сместена во градот Чангчун на североисток од Кина, коај е најголем пазар на автомобили во светот.
Германската компанија Audi исто така планира да произведува возила со производителот на автомобили со седиште во Шангај SAIC Motor.
Audi соопшти дека ќе произведува модели базирани на Premium Platform Electric (PPE), база развиена со Porsche.
Се наведува дека новиот потфат ќе започне со производство на неколку модели во Кина од 2024 година.
Audi има за цел електричните возила да сочинуваат една третина од продажбата во Кина до 2025 година.