Цените на бакарот се искачија на највисокото ниво во скоро една деценија, бидејќи инвеститорите предвидуваат зголемена побарувачка бакарот заради инфраструктурните и градежни проекти кои се очекуваат во постпандемиското економско заздравување.
Во петокот, цената на бакарот се искачи над 4 долари за фунта (1 фунта=4536 грама), што е првпат да дојде на ова ниво од септември 2011 година.

Бакарот е метал кој се користи како градежен материјал, вклучувајќи електрични жици и водоводни цевки. Зголемувањето на цената е водено од краткорочниот и долгорочен оптимизам како резултат на силната очекувана побарувачка, така и на ограничувањата на понудата.

Со целосното отворање на американската економија на повидок и планот на претседателот Џо Бајден да инвестира многу во инфраструктурата на Америка, како и тековното економско закрепнување на Кина, има причина да се верува дека побарувачката за бакар ќе остане голема.

Економијата на Кина порасна за 2,3% во 2020 година. Иако беше најбавната годишна стапка на раст на таа нација од 1970-тите, тоа беше исто така добредојдено позитивно изненадување откако светот го доживеа својот најлош економски шок во последно време.

Кина е важен дел од загатката за цените на бакарот затоа што е голем потрошувач на овој метал. Побарувачката е толку голема бидејќи залихите таму се на најниско ниво во скоро 10 години, според аналитичарите на стоки во „BCA Research“.

Аналитичарите сметаат дека цените можат да се искачат над 4,54 долари за фунта во одредена фаза.
Главниот ризик за успешната приказна на бакарот е одложување на повторното отворање на економијата предизвикана од неефикасното вакцинирање или зголемувањето на инфекциите со коронавирусот.

Извор: CNNBusiness