Белата куќа денеска објави дека ќе воведе царина од 100% за увозот на кинески електрични возила, 50% за кинеските соларни ќелии и царина од 25% за одредени кинески увоз на челик и алуминиум.
Соопштението доаѓа откако претставници на Белата куќа пред неколку недели го предупредија Пекинг да измени одредени трговски практики за кои Вашингтон тврди дека ги ослабнале глобалните синџири на снабдување.
Администрацијата на Бајден во денешното соопштение потенцираше дека зголемувањето на царините е неопходно за да се заштитат американските индустрии од нелојалната кинеска конкуренција.
Почнувајќи од оваа година, претседателот Џо Бајден четирикратно ќе ги зголеми царините за увезените кинески електрични возила, од 25% на 100%. Увозната царина за кинеските соларни ќелии ќе се удвои, од 25% на 50%. И царините за за увоз на челик и алуминиум од Кина ќе се зголемат повеќе од три пати, од 7,5% на 25%.
Исто така, почнувајќи од 2025 година, царините за увезените кинески полупроводници ќе скокнат од 25% на 50%.
Првпат ќе бидат наметнати царини i за кинескиот увоз на медицински игли и шприцеви, како и на огромни кранови од брод до брег, се вели во соопштението од Белата куќа.
Кинеските гумени медицински ракавици и некои респиратори и маски за лице исто така ќе бидат погодени со повисоки царини.
„Кина произведува со брзина и со траекторија што е далеку над секоја веродостојна проценка на глобалната побарувачка“, рече висок функционер на администрацијата во понеделникот на разговор со новинарите.
„Тоа ќе го преплави глобалниот пазар со понуда што ја намалува нашата способност да изградиме продуктивен капацитет дома и … нè остава сите нас ширум светот поранливи на економската принуда“, рече функционерот.
Предупредувачки знаци
Претставници на Белата куќа низ различни агенции изразија загриженост во последниве недели за домашните субвенции на Кина за производство на чиста енергија.
Тие веруваат дека субвенциите на Пекинг им помагаат на компаниите да произведат оромни количини на евтини производи за чиста енергија како соларни панели и електрични возила, кои ја надминуваат домашната побарувачка.
Ако компаниите не можат да го продадат тој вишок дома, предупредија американските официјални лица, тие би можеле да завршат со фрлање на глобалните пазари, што ќе го отежне завршувањето на новите индустрии за чиста енергија во другите земји.
„Кинескиот прекумерен производствен капацитет ги нарушува глобалните цени и моделите на производство и ги повредува американските фирми и работници, како и фирмите и работниците ширум светот“, изјави секретарот за финансии на САД, Џенет Јелен во март пред нејзината посета на Кина, каде што се соочи со владини претставници за ова прашање.
Царините објавени денеска имаат за цел да помогнат да се спречи напливот на евтини кинески стоки кои се закануваат да го попречат напредокот на Америка кон чиста енергија.
„Кинезите инвестираат во домашната индустрија за електрични возила со низа нефер практики што им даваат значителна конкурентна предност“, рече претставник на администрацијата на Бајден
Идниот успех на големите државни инвестиции и субвенции на на Бајден во зелената енергија, полупроводниците и традиционалната инфраструктура се главен дел од неговиот аргумент за реизбор во ноември.
„Нема да има инфлаторно влијание“
Аналитичарите во САД предупредија на несаканите последици што новите увозни даноци можат да ги имаат врз домашната економија и индивидуалните потрошувачи.
Голдман Сакс, на пример, претходно процени дека секој процентен поен зголемување на ефективната царинска стапка ќе го намали бруто домашниот производ за 0,03%, ќе ги зголеми потрошувачките цени за 0,1% и ќе ја загрее инфлацијата за една година.
Администрацијата на Бајден досега тврдеше дека овие царини нема да имаат „никакво инфлаторно влијание“ .
Претседателскиот кандидат Трамп, пак, во својата предизборна кампања повика на неселективна царина од 10% за целиот увоз од Кина.