Се намалуваат цените на нафтените деривати во просек за 2,22%, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,50 денар/литар, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 71,00 денар за литар, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 73,00 денар за литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство, изнесува 62,00 денари за литар.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 1,00 денар и согласно новата одлука ќе изнесува 60,00 денари за литар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,138 денар/килограм и ќе изнесува 36,880 ден/кг, соопшти Регулатодната комисија за енергетика.
“Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат намалување кај бензинот во просек за околу 4,152 % или за 30,250 $/тон, кај дизелот намалување во просек за околу 4,259 % или за 25,700 $/тон, кај екстра лесното масло намалување во просек за околу 4,631
% или за 27,750 $/тон, и кај мазутот намалување во просек за околу 4,37 % или за околу 20,500 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период изнесуваше 52,2134 ден/$ и е за околу 0,365% повисок од курсот на доларот (52,0236 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка”, велат од Регулаторната комисија.