Бензините и екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ поскапуваат за половина денар по литар, а цената на дизелот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергатика (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,83%.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 58,5 денари, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 60,5, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 49,5 денари за литар. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), не се менува, односно останува 49,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,365 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 26,196 денари.

“Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат зголемување кај бензинот во просек за околу 1,421% или за 4,950 $/тон, кај дизелот зголемување во просек за околу 1,816% или за 5,700 $/тон, кај екстра лесното масло зголемување во просек за околу 2,160 % или за 6,600 $/тон и кај мазутот зголемување во просек за околу 1,565% или за
околу 4,200 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период изнесуваше 52,6173 ден/$ и е за околу 0,469% повисок од курсот на доларот (52,3714 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка”, објаснуваат од Регулаторната комисија за енергетика.