Од вечерва на полноќ повторно ќе се зголемат цените на горивата – и тоа бензините ќе поскапат по 2 денари, додека цената на дизелот ќе се зголеми за 2.5 денари.
Во согласност со методологијата која РКЕ ја користи за пресметка на цените, од вечерва на полноќ малопродажните цени ќе се зголемат за 3.41%.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 2,00 денари/литар и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 75,50 денари/литар, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 77,50 денари за литар.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 2,50 денари/литар и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 67,50 денари/литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 67,00 денари/литар.