Реформи во државните институции за олеснување на работата на бизнис секторот, реформи во правосудниот систем и образованието, како и поголема посветеност на развојот на инфраструктурата, се прашањата на кои, меѓу останатото, претставниците на Стопанската комора на Северозападна Македонија (СКСЗМ) од политичките партии очекуваат да стават акцент во предизборните програми.
Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија во текот на вчерашниот ден оствари средба со Претседателот на СДСМ Зоран Заев, како и други претставници од истата партија. Средбите што ги одржува СКСЗМ со политичките партии на прагот на изборите се имаат претворено во традиција, целта на коите е да се презентира Платформата за економски развој на Република Северна Македонија, подготвена од страна на СКСЗМ, која содржи политики и приоритетни мерки, кои ќе придонесат во економскиот развој на земјата. Таа е предводена од фундаменталните принципи врз кои ќе се гради взаемна соработка помеѓу партијата на власт и бизнис заедницата.
Предложената платформа беше презентирана пред СДСМ и содржи реформи во сектори кои се важни за економијата во земјата. Како најважни предложени мерки беа предложени: реформите во администрација, пред сè, вклучувањето на СКСЗМ во донесувањето одлуки и креирањето на економските политики кои влијаат врз бизнис секторот, функционирањето на правната држава, што претставува клучна точка во подобрување на климата за водење бизнис во земјата. Посебен акцент на платформата за економски развој на СКСЗМ се става и врз завршувањето на инфраструктурните проекти, како и реформите во енергетиката, земјоделството, туризмот и други.
Претседателот на СКСЗМ, Неби Хоџа истакна дека СКСЗМ, заедно со бизнис заедницата влијаат во развојот на економијата на земјата тогаш постои взаемна соработка со државните институции.
“Ние како СКСЗМ оценуваме дека секоја Влада треба да се посвети кон поддршката на бизнис секторот, бидејќи е докажана метода за долгорочен економски развој”.
Од друга страна, претседателот на СДСМ, Зоран Заев истакна дека стопанските комори играат многу важна улога во креирањето на микро и макроекономските политики во земјата и имаат многу значајно влијание врз развојот на локалната, но и регионалната и глобалната економија.
“Ние сме во процес на изготвување програма за настап на предвремените парламентарни избори. Многу често тие програми се преточуваат во владини програми. Она што ќе ни го укажат коморите за она што е нивно секојдневие ќе биде вградено во таквите документи за да може да се работи поуспешно во создавањето на подобри економски услови во нашата земја за нашите компании”, рече Заев.
Претседателот на СКСЗМ истакна дека целата на денешниот состанок е презентација на нивната економска платформа и разговори околу потребите на бизнис секторот. Бизнисот, според него, бара поголема негова присутност и вклученост во донесувањето на економските одлуки кои влијаат на неговото работење.
“Дел од нашите барања веќе се истакнати претходно, а се однесуваат на реформи во државните институции, правосудниот систем, образованието и инфраструктурата која е најбитна во моментот. Важен е автопатот Скопје – Блаце, царинскиот терминал во Јажинце, зоната Визбегово која бараме да има посебен третман како зона бидејќи има приходи над 300 милиони евра и над 8.000 вработени, рече Хоџа.
Извор: Бизнис регулатива (www.biznisregulativa.mk)