Германската канцеларка Ангела Меркел денеска одржа средба со сојузните премиери со цел да разговара за новите мерки во борбата против ширењето на пандемијата и зголемениот број на заразени.
Германскиот весник „Билд“ ексклузивно објавува дека премиерите на сојузните држави се согласиле со Меркел Германија од понеделник, односно од 2 ноември да оди во карантин.
“Билд” додава дека канцеларката и премиерите се договориле за нови мерки, но се уште не се објавуваат официјални информации.
Според информациите објавени вчера, но и зборовите на министерот за финансии, карантинот треба да трае четири недели.
Државна поддршка и до 75% од ланските приходи
“Билд” исто така известува дека канцеларката, по состанокот со премиерите на сојузните држави за новите мерки, ќе ги информира водачите на парламентарните групи во Бундестагот за сите одлуки, а утре наутро, Меркел ќе известува за состојбата со коронавирусот во Германија во Бундестагот.
Mинистерот за финансии Олаф Шолц на состанокот изјавил дека и тој верува дека на Германија и требаат драстични мерки.Тој исто така најавил стабилизација и владина помош за затворените бизниси.
Според најавите малите компании можат да добијат владина помош до 75% од износот на своите приходи што ги оствариле во истиот месец минатата година.
Поголемите компании можат да добијат поддршка до 70%.
Шолц, исто така, предвидува, според Билд, дека четирите недели блокирање и карантин ќе ја чинат државата од седум до 10 милијарди евра.
„Се наоѓаме во ситуација кога наскоро нема да можеме да ја контролираме ситуацијата. Мислам дека е потребно да се договориме за драстични мерки “, рече тој.
Кои мерки се на маса?
Германските медиуми претходно денес објавија дека Меркел сака да ги затвори кафулињата, рестораните, спортските сали, музеи и кина.
Според нацрт-мерката што германските медиуми ја објавија вчера , би работеле само училишта и градинки.
Продавниците може да останат отворени доколку применат строги хигиенски мерки и го ограничат бројот на клиенти, а рестораните ќе доставуваат храна само за достава.
Според новите мерки, луѓето ќе можат да излегуваат само со членови на нивното домаќинство.
Покрај Германија, за воведување на карантин денеска одлучува и Франција, а се очекува тоа да го соопшти претседателот Емануел Макрон во вечерното обраќање до нацијата.