Владата на Федерацијата Босна и Херцеговина (ФБиХ), на својата редовна седница во четвртокот, одобри 30 милиони КМ (15 милиони евра) за помош на стопанските субјекти и претприемачи кои имаат извозна ориентација.
Министерот за енергетика, индустрија и рударство на ФБиХ, Нермин Џиндиќ, напомена дека се планираат субвенции за 391 деловен субјект кои работат во пет сектори, односно во металната, електричната и автомобилската индустрија, индустријата за градежни материјали, дрвната индустрија, текстилната индустрија и хемиската и фармацевтската индустрија.
Извор: Slobodna Evropa