Минатата 2020 година во Македонија биле активни 73.061 деловни субјекти, чиј број е намален за 3,76%. Или бројот на активни деловни субјекти лани бил помал за 2.853 фирми, во споредба со претходната 2019 година.

Дури половина од ланското намалување на бројот на субјекти е во два сектори, во трговијата и во услужните дејности, каде во 2020 година имало 1.860 помалку активни фирми во споредба со 2019 година.
Најголем дел од затворените фирми или 949 биле од областа на трговија на големо и мало или 4,1% од вкупниот број на фирми. Во секторот трговија лани работеле 22.191 фирми или 30,1% од вкупниот број на фирми во земјава.

Второ најголемо намалување на бројот на фирми имало во Други услужни дејност каде лани бројот на фирми се намалил за 911 или за 15,25%, на 5.063 активни субјекти.

Во секторот Преработувачка индустрија бројот на фирми лани е намален за 351 или за 4,1%, или во овој сектор лани работеле 8.011 фирми, односно 11% од вкупниот број на фирми.

Во секторот Земјоделие лани биле активни 2.414 субјекти, што е намалување за 191 или за 7,36% во споредба со претходната година.

Во секторот Транспорт и складирање лани работеле 5.625 фирми и нивниот број е намален за 155 или за 2,68% минатата 2020 година.

Зголемување на бројот на активни фирми има во секторот на здравствена и социјална заштита (+ 63 субјекти) и во секторот Информации и комуникации (+28 субјекти).

Податоците за структурата на активните деловни субјекти според бројот на вработени покажуваат дека најголемо учество од 8,.1 % имаат деловните субјекти со 1 до 9 вработени. Потоа следат деловните субјекти без вработени или субјекти со неутврден број вработени (без податок за вработени) со 8.3 %, па субјектите со 10 до 19 вработени со 4.4 %, потоа субјектите со 20 до 49 вработени, чие учество изнесува 3.0 %, со 1.9 % учествуваат субјектите со 50 до 249 вработени и само 0.3 % од активните деловни субјекти имаат над 250 вработени.