Според последните податоци на Евростат, Бугарија е најсиромашна земја во ЕУ, а втора по неа е Хрватска.
Податоците на Евростат покажуваат дека девет земји-членки се над просекот на ЕУ во однос на материјалната благосостојба на домаќинствата.
Најбогат е Луксембург, со 35%над европскиот просек. Следува Германија со 22% над европскиот просек.
Следат Австрија, Данска, Белгија, Холандија, Финска, Франција и Шведска кои се во групата земји кои имаат реална поголема индивидуална потрошувачка, од 9% до 18% над просекот на ЕУ.
Романија не е во таа група, но затоа е далеку пред Хрватска и Бугарија. Во 2015 година на пример Романија била на 58% од ЕУ просекот, а лани потрошувачката е зголемена на 79% од европскиот просек. Романија сега се изедначи со Полска и ја престигна Грција, која е на 78% од просекот на ЕУ според потрошувачката.