На денешната седница на Влада, на предлог на Министерството за економија, донесена е одлука за УКИНУВАЊЕ на увозните давачки – царинските стапки за 71 одделни суровини и репроматеријали кои се употребуваат во преработувачката индустрија со цел да ги олесниусловите за работење на овие компании и да овозможи да се зголеми нивната конкурентност во услови на пандемија и отежнато работење на компаниите од преработувачката индустрија.

Од Владата информираат дека предлог листите на производи опфатени со оваа одлука се изготвени од страна на Стопанската комора на Македонија по извршена консултација со компаниите членки на Стопанската комора од секторите на метало-преработувачката индустрија, металургијата, текстилната и кожарската индустрија.

Со оваа одлука компаниите ќе бидат ослободени од царинските давачки за една година кои во 2019 година изнесуваа 162,4 милиони евра со цел да се зголеми извозната конкурентност на преработувачка индустрија.

“Одлуката ќе влезе во сила од 1ви февруари и ќе важи една година, во која паралелно ќе работиме на намалување и укинување на некои од царинските давачки и усогласување со европската регулатива. Ова е прва мерка од новиот Петти пакет економски мерки, кои ќе ја рестартираат, закрепнат и ревитализираат домашната економија. Укинувањето на увозните давачки – царинските стапки на одделни суровини и репроматеријали за преработувачката индустрија ќе влијаат на зголемувањето на производството, како и зголемување на конкурентноста и извозот на домашните производи”, објави вицепремиерот за кономски систем Фатмир Битиќи.
Финансиските импликации од оваа мерка, според Министерството за финансии се околу 7,1 милиони евра.

 

Целата листа на суровини и репроматеријали за кои се укинува царината за увоз почнувајќи од февруари 2021 година можете да ја погледнете на следниот Odluka za ukinuvanje na uvoznite davacki na oddelni surovini i repromaterijali, Sl. vesnik na RSM br. 17 od 20.01.2021