Европската унија треба да воведе привремена забрана за преземање страна на кинески компании на компании во ЕУ кои во моментот се потценети или имаат деловни проблеми заради кризата со коронавирус, изјави лидерот на најголемата политичка алијанса во Европскиот парлемент, објавува Euroaktiv.
Манфред Вебер, германски конзервативец и шеф на централно-десничарската групација ЕПП во парламентот на ЕУ, за германскиот весник „Велт ам Сонтаг“ изјави дека е за воведување на 12 месечна забрана за кинеските инвеститори кои сакаат да купат европски фирми.
„Мораме да видиме дека кинеските компании, делумно со поддршка на државните фондови, сè повеќе се обидуваат да откупуваат европски компании кои се евтини закупување или кои влегоа во економски проблеми ззаради кризата со коронавирус“, смета Вебер.
Затоа, Европската унија треба да реагира на координиран начин и да стави крај на „кинеската шопинг турнеја“ со наметнување 12 месечен мораториум за продажба на европски компании сè додека кризата со коронавирус не заврши, рече Вебер.
„Мораме да се заштитиме“, смета Вебер.
Кина и ЕУ започнаа преговори за сеопфатен договор за инвестирање во 2013 година, и од тогаш одржаа бројни рунди разговори.
Една од точките на кои запнаа преговорите вклучуваа реципрочен пристап до пазарот.
„Кина ќе биде нашиот најголем конкурент во иднина, во економски, социјален и политички план“, рече Вебер.
„Ја гледам Кина како стратешки конкурент за Европа, што претставува авторитарен модел на општеството, која сака да ја прошири својата моќ и да ги замени САД како водечка моќ“.
Европа треба да ја сфати сериозно Кина и да покаже почит кон земјата како светска моќ, „но пред сè ние треба да бидеме будни“, рече Вебер.
Германската влада минатиот месец да ги заостри правилата за заштита на домашните фирми од несакани преземања на инвеститорите од земји кои не се од Европската унија.
Овој потег доаѓа во време кога најголемата економија во Европа и ЕУ како целина ги преиспитуваат односите со Кина во услови на зголемени инвестиции во критичните сектори од кинески државни претпријатија.
Германските власти го опишаа кинеското преземање во 2016 година на баварската роботска фирма Кука како повик за будење што ја потенцираше потребата за заштита на стратешките делови на економијата.