Активностите во американската економија значително забавија во првиот квартал од годинава, се вели во првата проценка на Министерството за трговија објавена вчера.
Американскиот реален бруто домашен производ (БДП) во периодот од јануари до крајот на март порасна со годишна стапка од 1,1%, се вели во првата проценка на Министерството, пренесува Хина.
Ова е значително послабо отколку во четвртиот квартал од 2022 година, кога реалниот БДП се зголеми за 2,6% по годишна стапка.
Во првите три месеци од оваа година најголемата светска економија порасна за 0,3% во однос на претходниот квартал, се наведува во извештајот на Министерството.
За споредба, во четвртиот квартал од 2022 година, активноста е зголемена за 0,6% во однос на претходните три месеци.
Првите проценки на Министерството за БДП во првиот квартал покажуваат дека забрзаната лична потрошувачка е надмината од намалените инвестиции на компаниите во залихи во очекување на послаба побарувачка оваа година во услови на зголемени трошоци за задолжување.
Годишната стапка, која ја користат само Јапонија и Канада, покрај САД, ја покажува стапката со која БДП би пораснал за една година (4 квартали) доколку секој квартал растел со истата стапка како што растела во претходниот квартал во споредба со претходните три месеци.