Со најновата одлука на регулаторната комисија малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од вечерва се зголемува за 1 денар за литар, и ќе се продава за 50,50 денари за литар.
Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапува за половина денар и новата цена ќе изнесува 52,50 денари за литар.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за половија денари и со тоа дизел горивото ќе се продава за 42 денари за литар.

Поевтинува и мазутот и тој ќе се продава за 16 денари за килограм.
Екстра лесното масло за горење ќе чини 31 денар за литар, односно половина денар за литар повеќе отколку во измината седмица.