Борис Џонсон најавува New Deal  за Британија, додека економијата се соочува со историски најголем пад

Баританскиот премиер Борис Џонсон се очекува денеска да го објави планот за забрзано економско заздравување на земјата, во рамки на кој ќе биде и планот за забрзано инвестирање на 6,13 милијарди долари во инфраструктурата, објави Ројтерс.

Планот на Борис Џонсон, кој тој го најави како New Deal  за британската економија по теркот на планот на Рузвелт со кој ја спасувал американската економија од криза во големата економска депресија во 30-те години од минатиот век ќе бидат вклучени инвестиции во обнова на училишта и болници, обнова на мостови, дигитализација во судовите

“Овие времиња бараат влада која е силна и одлучна и која ќе ги заштити луѓето во време на криза”, изјави Џонсон.

Планот за големи инвестиции е обид за спас на британската економија, која  на почетокот на оваа година забележа пад кој е најголем од 1979 година. Бруто домашниот производ (БДП) падна за 2,2% во првиот квартал, а прогнозите се дека британската економија би можела да падне за 20% вопрвата половина годинава.

Најновите податоци покажуваат намалување на потрошувачката на домаќинства кое бележи најгоолем пад откако се водат записи, односно од 1950 година.

„Затворањето на повеќето бизниси на 23 март значеше дека домаќинствата не беа во можност да трошат дури и ако сакаат“, рече Томас Пуг, британски економист во „Капитал економис“, додавајќи дека економијата нема да може да се врати на нивото пред кризата најрано до 2022 година.

Статистиката покажа дека британската економија во април забележа пад од 20,4% во однос на март.