Британскиот министер за финансии Риши Сунак се подготвува да воведе големи намалувања на даноците и ревидирање на постојните закони во планираните 10 нови „слободни зони“ во рок од една година откако Велика Британија ќе стане целосно независна од Европската унија во декември, објавува Ројтерс, повикувајќи се на британските медиуми.
Сунак наскроо ќе отвори своевиден процес на наддавање за градовите и регионите кои сакаат да станат слободни царински зони кои ќе функционираат надвор од царинската територија на Велика Британија.
Следната пролет се планира да бидат објавени местата кои ќ бидат прогласени за слободни царински зони и во нив се очекува да се воведат големи промени во даночните и регулаторните регулативи, кои ќе бидат опфатени со буџетот за следната година.
Тие вклучуваат даночни кредити за истражување и развој, дарежливи додатоци на капитал, кратења на даночните стапки за купопродажба на куќи и релаксација на законите за планирање.
Успешните понудувачи назначени како слободни зони ќе функционираат легално надвор од царинската територија на Велика Британија, во кои ќе може да се увезуваат стоки за произведство или повторно да бидат извезени без да се плаќаат за нив царини или ДДВ доколку не влегуваат во британската економија.
Британските власти веруваат дека овие слободни царински зони можат да станат меѓународни центри за производство и иновации, со економски и регулаторни стимулации дизајнирани да ги охрабрат фирмите да основаат нови фабрики во овие области.
Во вториот бран мерки, царинските давачки, ДДВ за увоз и придонесите за осигурување ќе бидат намалени од април 2022 година, со што слободните зони ќе бидат целосно оперативни во рок од 18 месеци од заминувањето на Велика Британија од царинската унија на ЕУ и единствениот пазар.
Минатата недела Велика Британија најави пакет од 33 милијарди евра за помош на економијата и зачувување на работните места.