Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во јули 2022 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е зголемен за 21.9 %, а кај аутпутот се бележи зголемување од 10.7 %.

Податоците покажуваат дека најголем раст на цените има кај вештачките ѓубрива кои во јули годинава се за 60,7% повисоки од јули минатата година.

Цените на енергијата и нафтата, пак, во јули годинава биле за 39,8% повисоки од лани.

Цените на добитоЧната храна се повисоки за 8,9%, додека на семињата за 4,1%.

На страната на аутпутот, најголем раст на цените во јули годинава има кај компирот, кои се повисоки за 39,8% и кај житарките и оризот кои се поскапи за 30% во споредба со јули минатата година.

Зголемувањето на цената на вештачките ѓубрива се должи на два главни фактори – падот на извозот од Русија и Украина и зголемените цени на гасот што го користат некои од најголемите производители во Бугарија.

Високите цени на вештачките ѓубрива и енергенсите драстично ги зголемуваат трошоците за производство на храна во земјава, но и во светот, заради што многу земјоделци се одлучуваат да го намалат производството или пак да употребуваат помалку ѓубрива, што на крајот ќе се одрази со помал род.

Големото поскапување на овие два инпути, особено по војната во Украина, е главната причина за високата инфлација и поскашувањето на храната во Македонија, но и на светско ниво.