Владата на канцеларката Ангела Меркел подготвува мерки за да и помогне на автомобилската индустрија која се соочува со проблеми. Планот е да се исплатат од буџетот субвенции за плати на компаниите од автомобилската индустрија според мерките спроведени за време на глобалната економска криза во 2008 година.
Субвенциите на плати ќе се воведат за да се спречат отпуштањата од работа што многу компании ги најавија за да заштитат од загуби заради проблемите кои се соочува оваа индустрија.
Владата веќе одржува преговори со синдикатите и претставници на комапниите за да се прецизираат мерките, кои потоа ќе треба да бидат одобрени од германскиот парламент.
Автомобилската индустрија во најголемата европска економија се соочува со проблеми заради намалената продажба како резултат на трговските војни и забавувањето на економијата, но и заради зголемените трошоци од преминот кон електрични и самоуправувачки автомобили, како и посовремени технолошки процеси кои се наметнуваат со дигитализацијата.
Проценките се дека заради преминот од дизел и електрични автомобили само во Германија би можеле да останат без работа 410 илајди работници до 2030 година, бидејќи со новите технологии компаниите немаат потреба од толку многу вработени. Во 2018 година во германската автомобилска индустрија имало 834 илјади вработени.