Враќањето на српските стоки на косовскиот пазар нема да биде лесно и брзо

Доколку Приштина го укина царините за производите од Србија и се воведат реципрочни мерки кои ги најавува косовскиот премиер, Албин Курти, тоа би значело дека сме укинале една, а сме поставиле три нови бариери, вели за „Политика“ министерот за трговија, туризам и телекомуникации, Расим Љајиќ.

“И да се укинат царините враѓањето на нашите стопанственици на косовскиот пзар нема да биде ниту лесно, ниту брзо. Ќе бидат потребни сигурно неколку месеци бидејќи нивното место на косовскиот пазар го заземале некои други. Грција, Унгарија и Бугарија го зголемиле својот извоз на косовскиот пазар за околу 80%, Словенија за околу 60%, а Македонија за околу 50%”, вели Љајиќ.

Тој смета дека ако царините се укина најбрзо ќе се вратат производителите на пченица и брашно, затоа што пченицата во моментов на косовскиот пазар е поскапа за 10 до 20 евра по тон.

Претседателот на Стопанската комора на Србија, Марко Чадеж смета дека царините во голема мерка ја поткопале довербата меѓу двете страни и ја создадоа атмосферата дека соработката меѓу српските и косовските бизнисмени не е пожелна, но тоа во пракса не е така.

„Укинувањето на царините, најавата за изградба на автопатот, воспоставување воздушен и железнички сообраќај се поволни предуслови за поттикнување на економскиот потенцијал и непречена соработка на деловните заедници. Постои взаемна заинтересираност за укинување на царините, бидејќи и нашите и косовските бизнисмени се традиционално добри партнери, за што сведочи и фактот дека комуникацијата меѓу нив не е прекината “, вели Чадеж.

Според него, за да се обезбеди во целост позитивен амбиент за бизнисмените, покрај укинувањето на царините, ќе биде потребно да се решат и преостанатите нерешени прашања, вклучително и: декларација на производите, признавање на документите, усогласеност на ветеринарните сертификати и друго.