Германската економија се намали со рекордни 9,7% во вториот квартал бидејќи потрошувачката, инвестициите на компаниите и извозот доживеаа шок од пандемијата на Ковид 19, соопшти во вторникот германската Канцеларија за статистика.
Економскиот пад беше многу посилен отколку за време на финансиската криза пред повеќе од една деценија, и тоа претставува најостар пад откако Германија започна да бележи квартални пресметки на БДП во 1970 година.
Потрошувачката се намали за 10,9% во вториот квартал, капиталните инвестиции за 19,6% и извозот за 20,3%, покажаа сезонските прилагодени податоците на БДП.
Градежната активност падна за 4,2% . Единствена светла точка е државната потрошувачка која се зголеми за 1,5% , како резултат на програмите за спасување на погодената економија.
Германскиот парламент го стопираше огранучувањето на долгот за оваа година за да и се овозможи на владата да го финансира фискалниот стимул, што донесе рекорден нов долг од 217,8 милијарди евра.
Фискалниот пресврт на Германија по долгогодишното водење на избалансирани буџети донесе буџетски дефицит од 51,6 милијарди евра во првата половина годинава .Тоа претставува дефицит од 3,2% од БДП.