Бројот на работници во индустријата во мај е намален за 5,1% во споредба со мај минатата година, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика.
Во преработувачката индустрија која врабтува 94,4% од вкупниот број на вработени во индустријата има намалување на 5,6% намалување на бројот на работници во мај.
Најголемо намалување на бројот на работници во мај во споредба со мај ланската година има во секторот производство на тутун од дури 28%, во кожарската индустрија во мај имало за 17,6% помалку работници во споредба со истиот месец лани и во производството на електрична опрема каде намалувањето е 12,8%.
Во текстилната индустрија во мај имало за 9,9% работници помалку во споредба со мај минатата година, додека во секторот производство на облека бројот на работниците е намален за 7,1%.
Најголемо зголемување на бројот на работниците во мај годинава имало во производството на електронски и компјутерски делови од 12,8% и производството на фармацевтски производи каде во мај работеле 10,8% повеќе работници во споредба со пред една година.
Во секторот на руди и вадење камен бројот на работници во мај бил помал за 0,9%, додека во секторот за снабдување со електрична енергија има намалувањето на бројот на работници за 0,3%.