Европскиот парламент вчера изгласа декларација во која се заклучува дека пратениците не можат да го прифатат договорот постигнат од шефовите на ЕУ за седумгодишниот буџет и пакетот за закрепнување без да се направат потребните промени за негово подобрување.
“Договоророт за закпренување е „историски потег“, но долгорочните приоритети на ЕУ, како што се Зелениот договор и Дигиталната агенда, се ставени во опасност”, велат европратениците и повикуваат на целосна демократска вклученост на парламентот во инструментот за опоравување, кој „не дава формална улога на избраните членови на Европскиот парламент“. Што се однесува до долгорочниот буџет на ЕУ, тие не го одобруваат намалувањето на програмите ориентирани кон иднината и сметаат дека тие „ќе ги поткопаат основите на одржливо закрепнување“, се вели во соопштението од Европскиот парламент.
Според европратениците, програмите на ЕУ за заштита на климата, дигитална транзиција, здравство, млади, култура, истражување и гранично управување „се изложени на ризик од непосреден пад на финансирање од 2020 до 2021 година“, а од 2024 година „буџетот на ЕУ како целина ќе биде под нивото на 2020 година, загрозувајќи ги обврските и приоритетите на ЕУ “
Заради тоа, Парламентот не го прифаќа политичкиот договор на Европскиот совет и нема да ја даде својата согласност за долгорочниот буџет на ЕУ, сè додека не се постигне задоволителен договор во претстојните преговори меѓу парламентот и Советот, по можност најдоцна до крајот на октомври за непречен почеток на програмите на ЕУ од 2021 година.
Владеење на правото
Исто така, Парламентот „силно жали“ што Европскиот совет значително ги ослабнал напорите на Комисијата и парламентот да го поддржат владеењето на правото, основните права и демократијата во рамките на повеќегодишниот буџет и планот за опоравување, потсетувајќи дека регулативата за владеење на правото ќе биде ко -одлучено од парламентот.
Нови извори на финансирање
Европратениците повторија дека парламентот нема да даде согласност за повеќегодишниот план за финансирање без договор за реформа на системот за сопствени ресурси на ЕУ, вклучително и воведување на нови сопствени ресурси до крајот 2027 година, што е неопходно да се покријат најмалку трошоците поврзани со планот за обнова.
Тие веруваат дека шефовите на држави и влади на ЕУ не успеале да го решат прашањето за планот за отплата на инструментите за обновување и потсетуваат дека без понатамошно кратење на клучните програми или зголемување на придонесите на земјите-членки во буџетот на ЕУ, воведувањето на нови даноци и извори на финансирање се единствените прифатливи опција за парламентот.
Европскиот парламент може да го прифати или одбие овој договор, но не може да го промени. Во подоцнежна фаза, кога договорот на Европскиот совет треба да се преведе во закон, Парламентот, како ко-законодавец, ги има истите овластувања како Советот и подеднакво учествува во процесот.
Текстот на резолуцијата не претставува отфрлање на договорот усвоен од Европскиот совет, туку став што треба да се преземе пред почетокот на преговорите за законодавните текстови. Парламентот треба да гласа на есен, дали ќе прифати или одбие договорот на лидерите на земјите-членки.
Во резолуцијата која е усвоена со мнозинство до 465 гласови, 150 против и 67 воздржани, европратениците им оддаваат почит на жртвите на коронавирусот и на сите работници кои се бореле против пандемијата и потенцираат „луѓето во ЕУ имаат колективна должност за солидарност“.
Лидерите на земјите членки постигнаа договор во понеделникот по неколкудневните преговори за нова повеќегодишна финансиска рамка (МФФ) и новиот инструмент следната генерација на ЕУ, што е одговор на економските последици од кризата со корона. Пакетот тежи вкупно 1824 милијарди евра, од кои 1074 милијарди спаѓаат во седумгодишниот буџет за периодот од 2021 до 2027 година, а 750 милијарди на следната генерација ЕУ (НГЕУ). Од тие 750 милијарди евра, 390 милијарди ќе бидат доделени како грантови и 360 милијарди како заеми.
Извор: Европски парламент