Извозот во јануари порасна за 10,1%, увозот само за 0,5%

Во текот на месец јануари македонските комапнии извезле производи во вкупна вредност од 457 милиони евра, што е за 10,1% повеќе во споредба со истиот месец минатата година. Увозот, пак, во истиот период изнесува 572 милиони евра и тој е зголемен за само 0,5%.

Покриеноста на увозот со извозот во јануари изнесувала 79,8%, ште о многу повисоко во споредба со покриеноста во текот на 2019 година која изнезуваше 75,9 %.

Во вкупниот извоз најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење за возила, деловите за автомобилски седишта и фероникел.

Најголем дел од извозот во јануари или околу 35% отпаѓа на извозот на машини и транспортни уреди чиј извоз достигна вредност 157 милиони евра, кој бележи раст од 6,1%. Хемиските производи се втор најизвезуван производ со вредност на извозот од 99,4 милиони евра, кој бележи пад од 2,4% во споредба со истиот месец лани.
Голем раст на извозот од 67% во јкануари бележи извзоот на метали и метални производи. Извозот на храна бележи раст од 11%, додека извозот на пијалоци и тутун бележи пад од 2,4%.
Пад од 25,3% бележи извозот на нафтени деривати.

Ако се анализира извозот по земји и региони, дури 83,3% од извозот во првиот месец годинава традиционално е насочен кон земјите од Европската унија, кој бележи раст од 8%. Извозот во земјите од Западен Балкан растел многу побрзо во јануари отколку извозот во Европската унија, со стапка од 19,5%. Но, сепак извозот во регионот останува многу ниско и учествува со само 8,8% во вкупниот извоз во јануари годинава.

Во земјите од Азиско пацифичкииот регион годинава се извезени само 13 милиони евра,л што е раст од 35%, додека во истиот период биле увезени 54 милиони евра, што е раст од 24%.

Она што е очигледно дека забавува извозот кон Германија. Ако во текот на минатата година извозот кон Германија имаше раст од 13,%, во јануари извозот ко Германија пораснал за само 3,2%.

Извозот во Србија во првиот месец годинава бележи пад 34,3%, во Грција пад од 28,6%, во Бугарија од 18,9%, во Италија од 17,5%, Романија со пад од 9,1%. Извозот во Косово кој бележеше раст во изминатата година, војануари исто така е намален за 5%.

Најголем зголемување има извозот во Белгија од 93,7%, во Украина од 81,3%, во Унгарија од 80%, а голем раст на извозот од 50,6% во јануари има и во Русија.

Увозот на суровини во јануари има раст од 29,7%, додека има пад кај увозот на нафтени деривати заради намалената цена на нафтата во овој период.