Вредноста на секторот за информатичка технологија (ИТ) во Србија се проценува да достигне вредност од 580 милиони евра во 2019 година, додека извозот на софтвер би во изминатата година достигна 1,5 милијарди евра, покажуваат податоците на Асоцијацијата за информатичка технологија на Србија.
Од Асоцијацијата укажуваат на проблемот со изнаоѓање на работници, кој може да биде еден од најголемите ограничувачки фактори за раст на овој сектор.
„За да продолжиме со експлозивниот развој и да достигнеме извоз од две милијарди евра, на Србија и се потребни уште 20.000 инженери, кои ние ги немаме“, вели Никола Марковиќ, претседател на Асоцијацијата.
Српскиот ИТ пазар расте веќе трета година по ред со годишни стапки кои надминуваат 10%.
Споредено со 2011 година бројот на фирми во ИТ секторот во 2019 година бил поголем за 700, бројот на вработени е зголемен за повеќе од двојно, двојно зголеменени се оперативните приходи, а капиталот во индустријата е зголемен тројно, што се значителни стапки на раст и во светски рамки.
Ако продолжи брзиот развој, ИТ иднустријата во Србија би можеле брзо да стане петта или шеста индустрија во српската економија според вредност.