Индија, најголемиот светски извозник на ориз во четвртокот нареди запирање на извозот на ориз, освен басмати, за да ги намали домашните цени кои се искачија во последните неколку денови.
Причина е непредвидливото време и големите монзунски дождови кои направија хаос во посевите со ориз во Индија и го загрозуваат производството.
Ова ги зголеми стравувањата од натамошна нестабилност на глобалните пазари на храна. По забрана на извоз од Индија, која покрива 40% од светкиот извоз на ориз и ниските залихи кај другите извозници значат дека какво било намалување на залихите би можело да ги надува цените на храната, кои веќе се зголемени со војната во Украина и нестабилното време.
Испораките на ориз во Индија во 2022 година беа повеќе од комбинираните пратки на Тајланд, Виетнам, Пакистан и САД, следните четири големи извозници на ориз. Индија е втор најголем производител на ориз во светот, после Кина.
Цените на оризот дополнително ќе растат
Аналитичарите предупредуваат дека овој потег на Индија дополнително ќе ги зголеми цените на оризт, кој веќе се зголемени на на највисоко ниво во последната декада.
Очекуваме минимален раст на цените од околу 50 долари за метрички тон и може да биде 100 долари или дури и повеќе“, пишува Ројтерс цитирајќи трговец со седиште во Сингапур во меѓународна трговска компанија.
Оризот е главен прехранбен производ за повеќе од 3 милијарди луѓе, а скоро 90% од производството за кое се користи многу вода се произведува во Азија, каде што Ел Нино се заканува да го намали производството.
Најголеми увозници на оризот од Индија се Кина и повеќе африкански земји, но тој се извезува и во остатаотот на светот.
Во Тајланд, вториот најголем извозник во светот, добавувачите чекаа да ги дознаат цените пред да потпишат нови договори.
„Извозниците нема да сакаат да продаваат, нема да знаат какви цени да наведат“, изјави за Ројтерс Чукиат Офасвонгсе, почесен претседател на Здружението на извозници на ориз од Тајланд. „Некои трговци очекуваат дека цените би можеле да достигнат до 700-800 долари за (метрички) тон“.
Индија се бори со високите цени на житарките, овошјето и зеленчукот. Малопродажните цени на оризот во Делхи се искачија за околу 15% оваа година, додека просечната цена на национално ниво се зголеми за повеќе од 8%, според податоците на Министерството за храна.
Одлуката на Индија да го забрани извозот на ориз се совпаѓа со покачувањето на цените на пченицата на глобалниот пазар по излегувањето на Русија од договорот за извоз на жито од Украина.
Глобалните цени на пченицата скокнаа за повеќе од 10% оваа недела, што е нивна најголема неделна добивка во повеќе од 16 месеци бидејќи руските напади врз украинските пристаништа ја зголемија загриженоста за глобалното снабдување.