Производството на германската индустрија падна за 9,2% во март, што е најголем пад од 1991 година, како резултат на намалената побарувачка за стоки од најголемата европска економија предизвикано од пандемијата со коронавирус.
Автомобилската индустрија, која е најголем извозник на Германија и вработуваше повеќе од 800.000 луѓе пред избувнувањето на пандемијата, забележи пад на индустриското производство од 31,1 % во март, објавува Ројтерс.
Аналитичарите велат дека најлошото допрва следува во април.
Денеска објавените податоци покажуваат дека производството зависно од извоз е најпогодено од падот на побарувачката, намалувајќи се за 11,6% во март. Пад од 16,5% има и кај капиталните производи од 16,5%.
Нарачките за германски индустриски производи бележат пад од 15,6% во март, што е најниско ниво од 1991 година кога почнала да се бележи оваа статистика.
Градежништвото во Германија бележи од скоро 2%.
Овие податоци го одразуваат на влијанието на мерките за ограничувања што Германија ги наметна во средината на март за да го забави ширењето на коронавирусот. Досега ја издржа пандемијата подобро од Соединетите држави и повеќето нејзини европски соседи.
Германската влада очекува економијата да се намали за рекордни 6,3% оваа година и покрај мерките за ублажување на влијанието на кризата со стимулативниот пакет од 750 милијарди евра и шемата за субвенционирање на скратеното работење на работниците во погодените фирми како поддршка за да не бидат отпуштени.
Ова е најниско ниво на индустриско производство во Германија од обединувањето.
Хелге Браун, шеф на кабинетот на канцеларката Ангела Меркел, пред неколку дена изјави дека пандемијата ќе трае барем остатокот од оваа година и дека економистите се сомневаат во брзо закрепнување на економијата, дури и откако Германија ќе ја отвори својата економија и ќе ги укине ограничувањата.
„Сигурно е дека ќе има уште еден голем пад во април, со оглед на тешките ограничувања кои беа на сила во текот на минатиот месец“, вели за Ројтерс Ендру Кенингам од Capital Economisc.
„Очекуваме побарувачката да се опоравува бавно затоа што многу домаќинства претрпеа загуба на приходите и заштедите и ќе бидат помалку сигурни во иднина“, вели Кенингам.
Аналитичарите велат дека дури и ако германската економија закрепне, целосното закрепнување на Германија зависи од темпото на економската активност во нејзините европски соседи.
Односно без оглед колку брзо ќе се враќа Германија во нормала, таа ќе биде ограничена од закрепнувањето во остатокот од Европа со оглед на нејзината зависност од надворешната побарувачка.