Управниот одбор на италијанската агенција за извозно кредитирање (SACE) одобри државни гаранции кои покриваат 80% од банкарскиот кредит во вредност од 6,3 милијарди евра на „Фиат Крајслер“, објави Ројтерс.
Претходно оваа недела, кредитот беше одобрен од најголемата банка во Италија, Intesa Sanpaolo, откако беа договорени условите за кредитот и државната гаранција.

Фиат Крајслер потврди на почетокот на овој месец дека компанијата во Италија работи со Рим и Интеса за да добие гаранција од државата за кредитот од 6,3 милијарди евра, тригодишен финансиски пакет дизајниран за да им помогне на работењето во земјата и групацијата како целина во решавањето на проблемите предизвикани од корона кризата.