Кинеската корпорација Xiaomi започна прелиминарно тестирање на својата шеста генерација телекомуникациска мрежа или 6G, изјави извршниот директор и основач Леи Jун во интервју за новинската агенција Xinhua.

Според првиот човек на Xiaomi компанијата посветува внимание на новите стандарди на брза комуникација, а создавањето на 6G мрежи е директно зависно од создавање на сателитска Интернет-мрежа.

Според експертите, 6G ќе биде до 8000 пати побрзо од 5G.

За развојот на 5G, раководителот на компанијата истакна дека неговото спроведување значително ќе го подобри животот на луѓето.
Како пример, тој ја наведе популаризацијата на 8K видео стриминг, видео конференции, експлозивниот развој на клауд игрите и автономното возење.

Првиот човек на Xiaomi исто така објави дека компанијата до крајот на 2020 година ќе престане да гти произведува 4G телефони за кинескиот пазар, со оглед дека речиси целата земја е префрлена на новиот телекомуникациски стандард, и ќе се фокусира на 5G и развој на 6G технологијата.