Кинеската економија почнува да се опоравува: Раст на извозот и увозот во јуни

Извозот на Кина неочекувано се зголеми во јуни, откако прекуокеанските економии повторно беа отворени по релаксирањето на меркит за борба против коронавирусот.
Истовремено, увозот порасна за прв пат годинава, засилувајќи ги прогнозите за закрепнувањето втората по големина економија во светот од пандемијата.
Кинескиот извоз во јуни се зголеми за 0,5% во однос на истиот период претходната година, што е над очекувањата на аналитичарите за пад од 1,5% и споредено со падот од 3,3% во мај.
Увозот исто така се зголеми за 2,7%, во истовреме кога очекувањата на економистите беа за пад од 10%.
Според аналитичарите, повторното отворање на најголемите западни економии и зголемената странска побарувачка за лична заштитна опрема и маски имаат најголем удел во растот на кинескиот извоз во јуни
Покрај тоа, нарушувањата во производството во трговските конкуренти во Кина, исто така, помогнаа да се пренесат некои нарачки на кинеските извозници.
Овие податоци покажуваат дека економијата на Кина постепено се опоравува по остриот пад од 6,8% во првиот квартал, но заздравувањето останува кревко, бидејќи глобалната побарувачка се уште не е опоравена.

Кинеската потрошувачка е исто така намалена во услови на загуба на работни места и загриженост за повторна појава на инфекции.
Извозните перформанси на земјата, меѓутоа, не се толку силно погодени од глобалниот застој како што се плашеа некои аналитичари, иако слабите странски нарачки предизвикуваат проблеми за кинеските производители.

Надворешните ризици, како што се влошување на односите меѓу САД и Кина, намалувањето на глобалната побарувачка и нарушувањата во синџирите на снабдување, најверојатно ќе го извршат притисокот врз трговскиот изглед на Кина на долг рок, се вели во извештајот на Институтот за напредни истражувања од Универзитетот за финансии и економија во Шангај.
„Во втората половина, растот на извозот и увозот, најверојатно, ќе го продолжи падот забележан во првата половина“.
Но, податоците за јуни покажуваат сигнали дека економијата ја допрела најниската точка и почнува да се оправува.

Зголемувањето на увозот во Кина е индикација за забрзување на економското закрепнување на земјата, што главно е предизвикано од значителни зголемувања на инвестициите во сектори како што се недвижнини и инфраструктура
Трговските податоци покажуваат дека увозот на железна руда бележи раст во јуни, како и увозот на сурова нафта.