Кинеската економија со неочекувано висок раст од 3,2% во вториот квартал

Бруто домашниот производ на Кина (БДП) се зголеми за 3,2 % во вториот квартал во однос на истиот период лани, со што Кина ја избергна рецесијата, кој им се заканува на многу развиени економии. Растот на кинескиот БДП е многу поголем отколку  прогнозите на економските аналитичари кои очекуваа економски раст помал од 1%.

Ова претставува силно заживување во однос на рекордно најголемиот пад од 6,8 % во првиот квартал, кога кинеската економија беше под силен притисок од корона кризата, што е прв пад од 1976 година.

Сепак, не се се уште вратени во нормала сите економски сектори. Денеска објавените податоци, исто така, покажаа дека индустриското производство закрепнува, но и дека прометот во трговијата на мало опадна, што укажува на слабост на домашната побарувачка.

Но, сепак, кинеската економија е прва економија во светот што покажува раст и заживување после корона кризата, што дава надеж дека тоа ќе претставува силен импулс и за останатите економии.