Кои европски земји ќе растат најмногу годинава?

Во неодамна објавените проценки за економскиот раст Европската комисија проценува дека Малта и Романија ќе бидат двете најбрзо растечки држави во ЕУ.

Највисок економски раст во ЕУ годинава ќе има Малта чија економија годинава ќе порасте за 4%. Втора е Романија со економски раст од 3,8% во 2020 година. Висок раст се предвидува и за Ирска, чија економија годинава ќе порасне за 3,6%. Следат Полска со економски раст во 2020 година од 3,3% и Унгарија која се очекува да има раст од 3,2%.

Над 80% од македонскиот извоз е насочен кон земјите членки на ЕУ, а Романија и Унгарија кои се меѓу најбрзорастечките европски економии се меѓу 10-те најголеми извозни пазари за македонските производи.

Економскиот раст во ЕУ се очекува да изнесува 1,4% во 2020 и 2021 година, а економиите во евро-зоната се очекува да пораснат за 1,2% во 2020 и 2021 година.
Германската економија, најголемата економија во ЕУ, ќе забележи закрепнување, од проценетата стапка на раст од 0,6% во 2019 година, до 1,1% во 2020 и 2021 година.