Бројот на бродови што влегуваат во пристаништата ширум светот за да ги истоварат и натоварат контејнерите за транспорт на стока покажува рани знаци на закрепнување на трговијата во третиот кварта, покажува најниовиот извештај на UNCTAD.

Овие податоци даваат знак за надеж за светската трговија на стоки, кој претрпе историски најголем пад на годишно ниво од 27% во вториот квартал.
Контерјнерскиот транспорт забележа драматично забавување на почетокот на оваа година, заради мерките преземени за борба против ширењето на пандемијата, со кои се огранилија многу економски активности и патувањата.
До средината на јуни, просечниот број на контејнерски бродови кои пристигнуваа неделно на пристаништата ширум светот се намалил на 8.722, што претставува пад од 8,5% на годишно ниво.
Но, новите податоци покажуваат дека, на глобално ниво, просечните неделни контејнерски транспорти се зголемиле на 9.265 до почетокот на август, што е само 3% под нивото од една година порано.

„Повеќето од стоките што ги произведуваме и консумираме се испорачуваат преку контејнери. Со контејнерскиот превоз се транспортираат над 80% од стоката со која се тргува на глобално ниво“, вели Шамика Сириман, директор на одделот за технологија и логистика на UNCTAD.
„Најновите податоци за пристанишниот контејнерски сообраќај нудат зрак надеж за економско закрепнување од пандемијата. Дури и во отсуство на официјална трговска статистика, поморскиот транспорт обезбедува сигурни податоци во реално време што можат да им помогнат на креаторите на политиките да донесат подобри одлуки во управувањето со закрепнувањето од кризата со Ковид-19“, рече Сириман.

Според податоците на UNCTAD пристигнувањата на контејнерските бродови започнаа да паѓаат под нивото на 2019 година околу средината на март 2020 година и потоа постепено да се опоравуваат околу третата недела од јуни.
Почетокот на падот се совпадна со одлуката на Светската здравствена организација на 11 март да го класифицира Ковид 19 како пандемија, додека постепеното закрепнување го одразува временскиот рок кога некои земји започнаа да ги олеснуваат мерките.
Извештајот на UNCTAD посочува дека иако повеќето региони забележаа одредено закрепнување во третиот квартал на 2020 година, и во апсолутен број и во споредба со нивото од 2019 година, глобалните бројки кријат важни регионални разлики.