Корејската фирма Kyungshin Cable ќе инвестира 20 милиони евра во Смедеревска паланка во Србија во изградба на фабрика во која ќе се произведуваат делови за електрични автомобили.
Комисијата за контрола на државната помош дала и согласнот корејската комапнија да добие бесплатно државно земјиште од над 61 илјада метри квадратни чија вредност се проценува на околу 30 милиони долари.
Во фабриката која ќе се просторира на 11 илјади метри квадратни ќе се произведуваат делови за електрични автомобили, а во неа до крајот на 2022 година се планираат да бидат вработени 700 лица. Станува збор за погони за производство на два главни производи, едниот е сензорски склоп на модулот за батерии, а во другиот погон ќе се произведуваат високонапонски делови за електрични возила.
Според условите, од инвестицијата од 20 милиони евра, најмалку една четвртина мора да биде финансирана од средства кои не содржат никаква државна помош.
Корејската компанијата има фабрики во Кина, Полска и Америка, а во 2018 година компанијата имала учество од 4,2% од пазарот на автомобилски жици и е на седмото место во светот.
Kyungshin Cable работи во состав на групацијата Kyungshin Group, и произведува електронски компоненти за автомобилската индустрија, главно сетови за многу светски производители меѓу кои Hyundai, Kia, Volkswagen, Ford, Volvo и BMW