Коронавирусот ја зголеми побарувачката за здрава храна и витамински додатоци низ цела Европа

Коронавирусот го зголеми интересот на потрошувачите во здрави и природни производи. Трговците на мало низ цела Европа известуваат за огромно зголемување на побарувачката за додатоци на храна, здрава храна и есенцијални масла бидејќи потрошувачите се обидуваат да го зајакнат својот имунолошки систем.

Центарот за промоција на увозот од земјите во развој CBI прогнозира дека побарувачката за додатоци на храна, здрава храна и природни производи ќе остане голема и кога Европа ќе почне да се враќа во нормала.
Ова, според нив, отвара можности за компаниите и добавувачите на природни состојки, здрава храна и додатоци за поголем пласман на земјите во развој на европските пазари.

Поголемиот дел од Европа е во карантини и со ограничувања во движењето од март. Сепак, продавниците за органска и здравствена храна останаа отворени. Многумина имаат корист од зголемувањето на таа побарувачка од страна на потрошувачите. Во Франција, специјализираните продавници за органска храна пријавуваат зголемување на продажбата за повеќе од 40%.

Holland & Barrett, водечки трговец со храна во Велика Британија мораше да ги ограничи набавките за суплементи заради зголемената побарувачка.

Онлајн трговецот со храна Healthspan откри на крајот на март 2020 година дека продажбата на додатоци на витамин Ц се зголемила за трипати во една недела.

Побарувачката за суплементите и додатоци на храна е многу зголемена бидејќи тие обезбедуваат витални минерали и витамини кои можат да помогнат во заштитата на организмот од вируси.

Природните есенцијални масла и ароматераписките производи, исто така имаат зголемување на продажбата.

Етеричните масла со антибактериски и антивирусни својства, меѓу кои масло од чајно дрво и еукалиптус, имаат најголеми побарувачка.